Пендаровски: Држава која преговара со ЕУ не смее да си дозволи лош изборен процес

Стево Пендаровски, Претседателски избори 2024 Фото: Слободен печат/Слободан Ѓуриќ

Држава која преговара со Европската Унија не смее да си дозволи лош изборен процес, порача претпладнево претседателскиот кандидат Стево Пендаровски по гласањето на своето избирачко место, додавајќи дека очекува мирен изборен ден.

– Очекувам мирен изборен ден, мирен прв изборен круг. Се разбира така очекувам да биде и на 8 мај кога ќе имаме парламентарни и втор круг претседателски избори. Тоа е исклучително битно, не толку за индивидуалните кариери на секој од нас кандидатите на овие претседателски избори, туку е исклучително битно за целата држава зашто држава која преговара со Европската Унија не смее да си дозволи лош изборен процес, изјави Пендаровски.

Според него, државава како независна повеќе од 30 години има поминато многу изборни циклуси и се надева дека како и минатиот пат, така и сега на гласањето ќе се запазат највисоките европски и меѓународни стандарди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот