ВИДЕО: Во Тетово за 6 % поголема излезност отколку на претходните претседателски избори
Мирно, со одредени технички проблеми кои не влијаат на изборниот процес поминува гласањето во Тетово, информираат за „Слободен печат“ од Општинската изборна комисија Тетово.
Со помош на ИТ експерти и членови на ДИК техничките проблеми за кратко се острануваат.
– Излезноста во Тетово е за 6 % поголема отколку на претходните претседателски избори, ни изјави секретарот на општинската изборна комисија Тетово Назми Даути.
До крајот на денот тој очекува поголем одзив, а изборниот ден да се заокружи без проблеми.
Во мирна и демократска атмосфера се одвива и изборниот ден во Полошко за првиот круг од претседателските избори.
Во Општина Тетово право на глас имаат 86.309 граѓани.
Право на глас во Општина Гостивар имаат 81.517 граѓани кои гласаат на 121 избирачко место.
Во шесте општини од Тетовскиот Регион на Претседателските избори можност за гласање имаат 188.329 граѓани, а своето избирачко право ќе може да го остварат во вкупно 265 избирачки места.