ФОТО: 87 годишниот Жарко Сарџоски од Тетово не пропуштил ниту еднo глaсање, како поминува изборниот ден во полошко?

Фото: Слободен печат

Во мирна и демократска атмосвера се одвива изборниот ден во полошко за првиот круг од претседателските избори.

Одзивот според информациите од општинската изборна комисија Тетово сличен како и претходните изборни циклуси.

Имаше гласачи кои традиционално своето прво на глас го остварија уште во утринските часови. Еден од нив е и 87 годишниот Жарко Сарџоски од Тетово. Вели дека досега не пропуштил ниту едно гласање. Тоа е моја должност, а на денот на изборите и најголема граѓанска должност, затоа и гласам наутро, додава тој.

„Јас мислам дека ќе имаме мирен ден, нема да има проблеми. како моја должност и граѓанин си ги обавив своите обврски, сега во години сум, но сум заинтересиран за гласање секоја година, очекувам успешни избори. Сега сите очекуваат победа, но среќата ќе видиме на кого ќе му се падне“, изјави Сарџоски.

Фото: Слободен печат

И останатите граѓани очекуваат мирен ден.

„Очекувам мирен ден без проблеми секој нека гласа по сопствено убедување“, вели една жителка на Тетово.

„Јас се надевам дека ќе имаме мирна атмосвера и луѓето ќе гласаат по сопствено убедување и се надевам дека ќе имаме излезност, додаде жител на Тетово.

Фото: Слободен печат

Од општинската изборна комисија Тетово велат дека гласањето тече нормално. Во Општина Тетово ќе гласаат 86.309 граѓани.

„Во Општина Тетово се гласа во 117 избирачки места. Процесот се одвива како што треба, нема пријавено проблеми. Се јавуваат технички проблеми со уредите, но интервенираме веднаш со луѓето од ИТ, информираше Назми Даути од ОИК Тетово.

Гласањето во првиот круг на претседателските избори 2024 во општина Гостивар исто така започна утрово навреме, информираат од ОИК Гостивар.

„Мали проблеми се појавија на неколку избирачки места со биометриските уреди, но тие брзо се надминати, информираа од ОИК.

Право на глас во Општина Гостивар имаат 81.517 граѓани кои гласаат на 121 избирачко место.

Во шесте општини од тетовскиот регион на претседателските избори можност за гласање ќе имаат 188.329 граѓани.
Своето избирачко право ќе може да го остварат во вкупно 265 избирачки места.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот