До 17 часот гласале 44,18 отсто граѓани, во главниот град најголема излезност во Карпош

Претседателски избори 2024 / Фото: ''Слободен печат'' / Драган Митрески

До 17 часот одзивот во првиот круг од претседателските избори е 44,18 процени на  1.788 избирачки места. според податоците од Државната изборна комисија.

Од вкупно запишани 899.977 гласачи на овие избирачки места гласале 397.612 избирачи, односно 44,18 отсто, информираше на прес-конференција претседателот на ДИК Александар Даштевски.

Најголема излезност од 67,19 проценти има во Новаци, а најмала во Пласница 15,5 отсто.

– Гласањето досега се одвива мирно во сите избирачки места, рече Даштевски.

Според податоците од ДИК, од скопските општини најголема излезност има во Карпош – 53,78 проценти, а гласале 29.779 граѓани.

Инфографик: Излезност за претседателски избори 2024 од 9 до 13 часот

Во споредба со првиот круг од претседателските избори од 2019 година, до 17 часот на овие избори има поголема излезност за околу девет отсто.

До ДИК досега се доставени 308 приговори за заштита на лично избирачко право, од кои 75 се усвоени и на избирачите им е овозможено да го остварат правото на глас, 25 се отфрлени како неуредни, 38 се одбиени, а останатите се во обработка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот