Стевчо изгуби во Карпош, Максим и Таравари победија во општините во кои се градоначалници

Прв круг Претседателски избори/ Фото: „Слободен печат“, Драган Митрески

Од тројцата актуелни градоначалници кои се кандидираа за претседател на државата само двајца добија најголем број гласови во општините каде се градоначалници – Максим Димитриевски во Куманово и Арбен Таравари во Гостивар, додека Стевчо Јакимовски во Карпош освои само шест проценти од гласовите.

Во општина Куманово најмногу гласови освои Максим Димитриевски 14.286 (30,16%). По него, следи Гордана Сиљановска Давкова со 11.982 гласови (25,29%), Бујар Османи со 6.203 (13,09%), Стево Пендаровски со 7.399 (15,62%), Арбен Таравари со 4.325 (9,13%), Билјана Ванковска со 1.814 (3,83%) и Стевчо Јакимовски со 238 (0,50%).

Градоначалникот на Гостивар и кандидат за претседател на Коалицијата Вреди, Арбен Таравари во општина Гостивар освои 9 895 гласа (33,47%), само 75 повеќе од кандидатот на ДУИ Бујар Османи, кој доби 9.820 гласа (33,22%).

Во општина Гостивар Гордана Сиљановска Давкова освои 5.580 гласови (18,88%), Стево Пендаровски 2.464 гласа (8,34%), Максим Димитриевски 709 гласови (2,40%), Билјана Ванковска 302 (1,02%) и Стевчо Јакимовски – 70 (0,24%).

Градоначалникот на Карпош и претседателски кандидат на ГРОМ Стевчо Јакимовски, пак, освои само 6 проценти или 2 143 од гласовите во оваа општина, каде дури четворица кандидати за претседател имаат повеќе гласови од него, меѓу кои Ванковска со 3 089 гласа и Димитриевски со 3 974.

Најмногу гласови во општина Карпош има Гордана Сиљановска Давкова – 14.482 (41,49%), по што следи Стево Пендаровски – 9.130 (26,15%), Максим Димитриевски – 3.974 (11,38%) и Билјана Ванковска Цветковска – 3.089 (8,85%), Бујар Османи – 602 (1,72%) и Арбен Таравари – 483 (1,38%).

Во општина Чаир каде градоначалник е Висар Ганиу од Коалицијата Вреди, најмногу гласови освои кандидатот на ДУИ Бујар Османи 10.999 (40,53%), додека Арбен Таравари има 9.618 (35,44%).

На трето место по бројот на освоени гласови е Гордана Сиљановска Давкова со 2.791 глас (10,28%), по што следи Стево Пендаровски со 1.809 (6,67%). Максим Димитриевски има 440 гласа (1,62%), Билјана Ванковска Цветковска 337 (1,24%) и Стевчо Јакимовски 76 ѓ 0,28% (0,27%).

Во Тетово, каде градоначалник е Билал Касами од Беса, најмногу гласови доби кандидатот на ДУИ Бујар Османи 14.726 ѓ (36,78%), додека Арбен Таравари од коалицијата Вреди околу 700 гласа помалку или 14.030 (35,04%).

Гордана Сиљановска Давкова во општина Тетово има 6.235 (15,57%), Стево Пендаровски 2.387 (5,96%), Максим Димитриевски 969 (2,42%), Билјана Ванковска Цветковска – 576 (1,44%) и Стевчо Јакимовски – 90 гласа (0,22%).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот