Јакимовски разочаран од резултатите, го призна поразот на изборите

Фото: МИА

Претседателскиот кандидат од коалицијата „Храбро за Македонија“ предводена од ГРОМ, Стевчо Јакимовски, го призна поразот на претседателските избори и ѝ посака среќа во вториот круг на кандидатката за претседателка од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска – Давкова.

– Ја одржувам оваа прес-конференција со цел да го признаам поразот на овие претседателски избори и воедно да ѝ честитам на водството на госпоѓата Гордана Силјановска – Давкова, како и да ѝ посакам среќа во вториот изборен круг, рече Јакимовски.

Тој вели дека резултатите се далеку од неговите очекувања, но истакна дека граѓаните имаа можност да изберат меѓу седум претседателски кандидати.

– Дали резултатите се задоволувачки според мене, се разбира дека не се. Далеку се од очекувањата. Но, како и да е, битно е дека граѓаните на Република Македонија имаа избор, бираа помеѓу седум свои кандидати. Дали биле во право во тоа што го избрале ќе видиме после пет години, се надевам дека ќе бидеме сите живи и здрави и после пет години ќе констатираме дали изборот бил добар или не, изјави Јакимовски од седиштето на ГРОМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот