Пет лица си ги фотографирале гласачките ливчиња

Претседателски избори 2024 Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

За време на изборниот процес, од 11 до 14 часот пријавени се пет лица кои ги фотографирале гласачките ливчиња, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Пријавен е С.А. во село Коцалија, Радовиш на избирачко место 1602. Околу 12 часот, 40-годишниот А.С. на избирачко место 2683/1 бил затекнат како го фотографира гласачкото ливче.

Околу 12 часот е пријавено дека и А.И.(48) од Охрид на избирачко место број 1271 во Охрид го фотографирал гласачкото ливче. А.И. е приведен во полициска станица и по документирање на на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Во 12:35 часот е пријавено дека на избирачко место бр.0006 во Берово, Д.Т.(42) го фотографирал гласачкото ливче. Д.Т. е приведен во полициска станица и по документирање на на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Околу 14 часот е пријавено дека на избирачко место 2555 во Скопје С.С. го фотографирала гласачкото ливче. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Изборни нерегуларности: Пронајдена испукана димна бомба на гласачко место, се фотографирале и гласачки ливчиња

Претходно, портпаролот на МВР, Тони Ангеловски информираше дека од отворање на гласачките места регистрирани се две фотографирања на гласачки ливчиња, едно во Скопје, а едно во Штип. Во Бучим, Радовишко едно лице го покажало гласачкото ливче на набљудувач. За сите овие настани, портпаролот на МВР Тони Ангеловски, информираше дека се преземаат мерки за расчистување.

– Покрај тоа на територија на Чаир се забележани летоци оставени врз паркирани автомобили, а регистрирани се и два графити. На едно гласачко место покрај испишан графит, од страна на претседател на избирачки одбор е пријавено дека во 6:40 часот е пронајдена испукана димна бомба. Веднаш се преземени мерки и на ова место гласањето се одвива непречено, додаде Ангелов.

Тој апелираше до граѓаните и учесниците во изборниот процес во текот на гласањето па се до завршување, да се воздржат од какви било инциденти. Доколку забележат нарушување на изборниот процес, портпаролот на МВР вели да се пријави во најблиската станица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот