Мисијата на ОДИХР првичните резултати од изборите ќе ги презентира утре

Претседателски избори 2024 ОБСЕ / Фото: ''Слободен печат'' / Драган Митрески

Досега посетив само две избирачки места и од утрово таму сè се одвиваше непречено. Но, ова се само две од многуте избирачки места, така што навистина не можеме да извлечеме заклучоци до крајот на денот, изјави Џилијан Стирк, која ја предводи мисијата за набљудување на изборите на ОДИХР во земјава

По посета на две избирачки места претпладнево, претставничката на меѓународната мисијата за набљудување на изборите ОДИХР, оцени дека почетокот е добар, но целосна проценка за тоа како се одвива изборниот процес ќе имаат откако на крајот на денот ќе ги соберат податоците од гласачки места низ целата држава.

– Досега посетив само две избирачки места и од утрово таму сè се одвиваше непречено. Но, ова се само две од многуте избирачки места, така што навистина не можеме да извлечеме заклучоци до крајот на денот, изјави Џилијан Стирк, која ја предводи мисијата за набљудување на изборите на ОДИХР во земјава.

Соопшти дека денеска имаат повеќе од 200 набљудувачи распоредени низ сите региони во државава, како и долгорочни набљудувачи кои се тука од отворањето на мисијата, на крајот на март. Посочи дека ги набљудуваат изборите во Северна Македонија оценувајќи ги според меѓународните обврски и домашното законодавство.

-Колективно го оценуваме целиот изборен процес, од законодавната рамка до самото спроведување на изборите, вклучувајќи го и финансирањето на кампањата и, секако, улогата на медиумите. Утре ќе ги презентираме нашите првични резултати, ќе одржиме прес-конференција, сите сте добредојдени да ни се придружите таму и ќе има можност за новинарски прашања по кратката изјава што ќе ја дадам јас како и нашите партнери од Советот на Европа, рече Стирк.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот