ФОТОГАЛЕРИЈА | Македонија избира претседател!

Прв круг Претседателски избори/ Фото: „Слободен печат“, Слободан Ѓуриќ

Македонските граѓани денеска гласаат на седмите претседателски избори, а во трка се седум кандидати. Граѓаните имаат можност својот глас да го дадат на еден од кандидатите. Процесот на гласање е главно регуларен и се одвива без проблеми, со ретки исклучоци.

Прв круг Претседателски избори/ Фото: „Слободен печат“, Слободан Ѓуриќ
Прв круг Претседателски избори/ Фото: „Слободен печат“, Слободан Ѓуриќ

Изборниот ден и изборните активности течат во мирна и демократска атмосфера. Имаше гласачи кои традиционално своето право на глас го остварија уште во утринските часови.

Вкупно 942 набљудувачи, странски новинари и преведувачи се акредитирани за следење на Претседателските избори. Како што е објавено на веб страницата на ДИК, заклучно до 19 април се акредитирани 342 домашни и 568 странски набљудувачи и преведувачи, од кои најбројни се од ОБСЕ/ОДИХР – 375.

Прв круг Претседателски избори/ Фото: „Слободен печат“, Драган Митрески
Прв круг Претседателски избори/ Фото: „Слободен печат“, Слободан Ѓуриќ

По посета на две избирачки места претпладнево, претставничката на меѓународната мисијата за набљудување на изборите ОДИХР оцени дека почетокот е добар, но целосна проценка за тоа како се одвива изборниот процес ќе имаат откако на крајот на денот ќе ги соберат податоците од гласачките места низ целата држава.

На изборите за претседател на државата што се одржуваат денес право на глас имаат вкупно 1.814.317 избирачи.

Претседателски избори 2024 Фото: Слободен печат/ Драган Митрески
Претседателски избори 2024 Фото: Слободен печат/ Слободан Ѓуриќ

„Слободен печат“ посети некои од избирачките места и атмосферата ви ја пренесуваме во продолжение преку фотографиите на нашите фото-репортери Слободан Ѓуриќ и Драган Митрески.

Прв круг Претседателски избори/ Фото: „Слободен печат“, Слободан Ѓуриќ
Претседателски избори 2024 Фото: Слободен печат/ Драган Митрески
Прв круг Претседателски избори/ Фото: „Слободен печат“, Слободан Ѓуриќ
Претседателски избори 2024/ Фото: „Слободен печат“, Драган Митрески
Прв круг Претседателски избори/ Фото: „Слободен печат“, Драган Митрески
Прв круг Претседателски избори/ Фото: „Слободен печат“, Слободан Ѓуриќ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот