ДИК: Обработени над 69 отсто од гласачките ливчиња – предност на Силјановска Давкова пред Пендаровски

Претседателски избори/ Инфографик: „Слободен печат“, Елисавета Бејкова

Државната изборна комисија обработи 69,28 отсто од гласачките ливчиња или 1.193.280 од вкупно 1.814.317. Предност има кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова со освоени 238.726 гласови, потоа втор е Стево Пендаровски кандидат на СДСМ со 116.948 гласови.

Трет е Бујар Османи (ДУИ) со освоени 90.642 гласови, четврти е Арбен Таравари (Алијанса за Албанците) со 65.503 гласови, Максим Димитриевски (ЗНАМ) – 51.257 гласови, Билјана Ванковска (Левица) – 27.735 гласови и Стевчо Јакимовски (ГРОМ) – 5.474 гласови.

Гласачките места беа отворени од 7:00 до 19:00 часот. Право на глас имаа 1.814.317 граѓани лица запишани во избирачки список. Тие на 3.480 избирачки места можеа да се изјаснат за еден од седумтемина кандидати.

ДИК првичните резултати од гласањето добиени по електронски пат ги објавува сукцесивно, а резултатите од записниците од ОИК во рок од 12 часа по завршувањето на изборите.

Конечните резултати од изборите ДИК ги објавува во рок од 24 часа од денот на нивната конечност.

Одзивот на денешните претседателските избори до 18 часот изнесуваше 47,61 отсто, и е поголем од последните избори за шеф на државата во 2019 година кога до 19 часот на гласање излегоа вкупно 41,67 отсто од запишаните избирачи.

За претседател ќе биде избран кандидатот кој освоил мнозинство гласови од вкупниот број евидентирани избирачи, односно 907.159 гласови. Ако никој не го добие потребното мнозинство, ќе се организира втор круг во кој одат двајцата кандидати кои добиле најмногу гласови.

Ова се седми непосредни избори за претседател од независноста на државата. Претходните беа одржани во 1994, 1999, 2004, 2009, 2014 и во 2019 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот