Села: Поважна е победата на идејата за избор на претседател во Собранието

Зијадин Села, парламентарни избори 2024/ Фото: МИА

Претседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села очекува победа на кандидатот што го поддржува неговата партија, но според него, поважна е победата на концептот за којшто се залагаат.

– Нашите очекувања се дека ќе победи кандидатот што го поддржуваме и поважна од оваа победа е победата на концептот и идејата што ја претставува оваа коалиција. Тоа треба да биде победа на идејата за избор на претседател во Собранието. Македонија е парламентарна демократија. Потоа нѐ чека битка за избор на председателот во Собрание, со гласовите на пратениците, со Бадинтеровиот принцип и со двотретинско мнозинство, изјави Села по гласањето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот