Таравари: Изборите да бидат фер и демократски и нека победи подобриот

Фото: МИА

Кандидатот за претседател од коалицијата Вреди, Арбен Таравари, во придружба на потесното семејство го оствари правото на глас на избирачкото место во ООУ „Единство-Башкими“ во Гостивар.

-Чест и задоволство е со моето семејство да гласаме, што ни е граѓанска должност. Посебно задоволство е што малиот син првпат гласа оваа година. Мојата порака до сите е овие избори да бидат фер и демократски и да победи подобриот. Ние секој резултат ќе го прифатиме. Атмосферата е добра, има ентузијазам и гледам дека граѓаните масовно излегуваа, што е добар знак за опозицијата, изјави Таравари.

На новинарско прашање за текот на изборниот процес и информации за попречувања, тој кажа дека има и во изборниот штаб се процесуираат.

-Мислам дека не е сега моментот да се кажуваат тие неправилности. Навикнати сме на тие притисоци, купувања на гласови за коишто веќе има и видео-снимки. Меѓутоа тоа ќе ги објави нашиот штаб и веќе се известени сите релевантни институции во земјата и меѓународните претставници во Македонија, посочи кандидатот за претседател, Арбен Таравари.

 

 

 

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот