Османи: Одлучувачки избори за иднината на државата

Бујар Османи, Претседателски избори 2024 Фото: Слобододен печат/Слободан Ѓуриќ

Претседателскиот кандидат на ДУИ и Европскиот фронт, Бујар Османи по гласањето во скопски Чаир им порача на граѓаните да гласаат според своето убедување, но да гласаат со цел и надеж за подобри денови на нашата држава во големото европско семејство.

– Мислам дека овие избори не се обични избори, туку се одлучувачки избори по однос на иднината на државата. Граѓаните се исправени пред две опции пред изолацијата или интеграцијата. Очекувам граѓаните да ја донесат правата одлука, изјави Османи и посака изборите да бидат слободни, фер и демократски, а граѓаните да гласаат масовно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот