Од плакарот на Анита: Од баба на мама, па за сите нас!

Старите знаеле и се уште знаат илјадници трикови, за кои ние без оглед колку пари „ќе фрлиме“ за друго поинакво и помодерно решение, никогаш нема да го постигнеме нивниот успех.

Ова е совет кој заслужува внимание. Пренесуван од колено на колено, од баба на мама, па за сите нас, урааа.

Стоп, нема повеќе купување скапи креми за сјај на лицето, против брчки, мозолчиња, проширени пори… и што уште не. Стоп, нема повеќе затрчување по брендирани производи кои го празнат нашиот џеб. Стоп драги дами!

Ајде да ја послушаме баба! Баба вели вака: Купи сине едно овчо полномасно кисело млеко (а мама потврдува) и повеќе не ти требаат тие хемикалии. Мачкај го лицето наутро и навечер со киселото млеко, слободно стави малку подебел слој и остави го да се впие целосно. Пробај ја оваа стара мајсторија и ќе видиш дека сама ќе ги фрлиш тие хемикалии, дај ми шанса да те разубедам, дај ми сине само 10 дена (мама упорно потврдува). Кога киселото млеко целосно ќе се впие, слободно исплакни го лицето со млака вода. Ти ветувам лице како од рекламите.

Не чекав до десеттиот ден, ги фрлив брендираните креми уште на седмиот ден. Фала ти бабо за овој трик, фала ти мамо што упорно потврдуваше, јас цело време мислев дека сме имале млад ген.

Ги оставив со насмевка на лицето и буквално „летнав“ да го напишам ова, нека допре до секоја жена, нека го знаат сите. Жени, придружете ми се, верувајте и на баба!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот