Нова студија открива: Лажењето на децата за да се заштитат нивните чувства има негативни последици

Фото: Ivan Ryabokon / Panthermedia / Profimedia

Истражувањето на научниците од Сингапур покажуваат дека децата кои знаат дека родителите ги лажат имаат поголема веројатност и самите да ја развијат оваа навика.

Студијата на Технолошкиот универзитет Нанјанг го следеше однесувањето на 564 деца на возраст меѓу 11 и 12 години за да го истражи влијанието на родителските лаги врз чесноста на детето, пишува „Сан“.

„Лошата вест за родителите е дека понекогаш искреноста може да биде најдобра“, изјавил психологот д-р Сетох Пеи Пеи, кој учествуваше во студијата.

Тој предупредува дека иако „белите“ лаги можат да бидат добронамерни, ако децата сфатат дека родителите ги лажеле, тоа може да поттикне лаги и од нивна страна. Во истражувањето, лагите беа поделени во две групи: инструментални и „бели лаги“.

Инструменталните се оние што родителите ги користат за да ги натераат децата да го променат своето однесување, на пример, со тоа што велат дека немаат пари ако децата молат за нови играчки.

„Белите лаги“ се класифицирани како оние што се користат за подобрување на емоционалните чувства на децата, на пример, велејќи дека нивното свирење пијано е „убаво“, а всушност е лошо.

Научниците истражуваа колку често родителите изговараат, односно децата слушаат изрази кои се поврзани со инструментални или „бели лаги“. Децата беа прашани и колку често ги лажат своите родители. Ги прашале и родителите колку често ги лажат своите деца.

Инструменталното лажење на родителите беше значително поврзано со лажењето на децата, додека „белите лаги“ беа поврзани со детското лажење доколку децата знаеле дека родителите ги лажат.

„Така, инструменталното лажење значително ја зголемува веројатноста и децата да ги лажат своите родители“, заклучил д-р Пеи Пеи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот