Рубљов стави крај на црната серија и по 50 дена конечно победи

Фото: EPA-EFE/CHEMA MOYA

Русинот Андреј Рубљов денеска конечно стави крај на катастрофалната серија порази. Рубљов беше подобар од Факундо Багнис со 2:0 во сетови (6:1 и 6:4).

Аргентинецот немаше сили против денес расположениот Рубљов кој успеа да ја заврши работата за само 90 минути и така да обезбеди место во третото коло на мастерсот во Мадрид.

За Рубљов ова беше прв триумф по пауза од цели 50 дена. Претходно врза четири порази по ред на турнирите и од тоа од: Јиржи Лехецка, Томаш Махач, Алексеј Попирин и Брендон Накашима.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот