ФОТО: Јован Стојоски со прво место и државен рекорд на меѓународниот митинг во Марибор

Јован Стојоски/фото: facebook.com/jovan.stojoski.atleticar

На најголемиот христијански празник Велигден македонскиот атлетичар Јован Стојоски оствари нов голем успех на меѓународната сцена.

Стојоски во дисциплината 400 метри со пречки го урна државниот рекорд од 1980 година.

Резултатот на нашиот натпреварувач на меѓународниот митинг во Марибор, Словенија е 53,65 секунди, претходниот рекорд изнесуваше 55,11 сек.

Покрај државниот рекорд, Стојоски го освои и првото место на митингот во Марибор. Инаку е втора негова трка во кариерата во оваа дисциплина.

На втората позиција се најде Италијанецот Микеле Де Нони (55,18), пред Само Бергант од Словенија (55,22), на четвртото место се најде Словенецот Изак Зилиани (57,64), а домашниот натпреварувач Максим Костриќ не ја заврши трката. Резултати ТУКА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот