Бучковски: ЗНАМ на Максим Димитриевски е истиот феномен како НСДП во 2006 година

проф. д-р Владо Бучковски / Утрински брифинг

И на изборите во 2006 година имаше еден феномен, кој му се случува на СДСМ. Тогаш се појави НСДП, сега Максим Димитриевски со Знам, кој има и подобар резултатот“ рече поранешниот премиер Владо Бучковски во „360 степени“ на МТВ.

Тој додаде дека според неговата проценка и искуството со НСДП на Тито Петковски, очекувал околу 50 до 60 илјади гласови за Максим Димитриевски и кажа дека неговиот резултат е изненадувачки.

Поранешниот премиер кажа дека ДУИ оствариле одличен резултат на претседателските избори со Бујар Османи, во една неизвесна трка помеѓу албанските партии.

„Многумина не веруваа дека ДУИ може да направи ваква разлика, имајќи предвид каква атмосфера беше создадена. Но со вештонаправените коалиции, да не го заборавиме и Села, само во Гостивар не победија, а разликата е неколку стотина гласови. Секаде победи ДУИ“ рече Бучковски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот