ВИДЕО: Босфор затворен, се заглави украински брод

Босфор затворен, украински брод се насука/Фото: Скриншот/CNN Turk

Босфорскиот теснец кој го поврзува Црното Море со Средоземното Море, е затворен за бродови откако денеска таму се насука товарен брод од Украина, соопштија турските власти за ДПА.

Бродот Алексис превезува прехранбени производи од Украина до Египет. Дефект на моторот се случил во близина на излезот од водниот пат, изјави портпаролот на Управата за безбедност на крајбрежјето за ДПА.

Спасувачките напори се веќе во тек, додаде изворот.

Босфорот е зафатен канал и служел како излез за украинското жито на светските пазари во екот на руската инвазија.

Речиси 40.000 бродови поминале низ Босфорот во 2023 година, според турското Министерство за транспорт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот