Русковска: За мене како човек и обвинител е страшно што бегствата се повторуваат

Вилма Русковска / Фото: mia.mk

Обвинетиот Сашо Мијалков редовно се јавуваше на сите рочишта. Доколку во петокот, по завршување на рочиштето, Обвинителството побараше притвор, тоа ќе се протолкуваше како прејудицирање на пресудата, изјави вечерва шефицата на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал, Вилма Русковска во емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат.

Зошто Обвинителството не побарало притвор во петокот, по завршување на рочиштето за случајот „Таргет-Тврдина”, Рускоска наведе две причини.

– Првата е што немавме законска можност, затоа што обвинетиот Сашо Мијалков ги почитуваше превентивните мерки кои му беа определени од судот, а, исто така, редовно се јавуваше на сите рочишта. Втората, многу поважна, причина е тоа што, доколку во тој момент Обвинителството побараше притвор, можеше и ќе се протолкуваше како прејудицирање на пресудата, изјави Русковска.

Додека Судот не ја објави пресудата, посочи Русковска, секој е невин. Таа објасни дека во саботата по 12:30 часот напладне, откако добила оперативна информација од нејзин личен извор дека е можно бегство на Мијалков, остварила контакт со министерот за внатрешни работи кој и рекол дека ќе ги провери сознанијата кои ги добила.

– Некаде по 15 часот, не знам точно, ми се јави министерот и ме замоли она што по телефон сум му го кажала, да го напишам на писмено и да му го доставам. Јас истото го сторив и доставив известување. Сега не знам дали беше 16:30 или 17 часот, не обрнав внимание на тоа и некаде по 22:30 часот, ми донесоа известување од полиција, односно истото известување кое јас им го пратив само со додадени генералии на обвинетиот Мијалков. Јас се јавив на директорот на полиција, го прашав дали оствариле контакт со Агенцијата за национална безбедност и дали тие имаат некои сознанија, при што директорот ми кажа дека Агенцијата за национална безбедност нема сознанија за бегство на Сашо Мијалков. Се слушнав и со Републичкиот обвинител и тој ме праша колку ми е сигурна информацијата. Јас реков дека тоа ми е оперативна информација од мој личен извор. И се договоривме да се видиме следниот ден. Потоа во комуникација со Јавниот обвинител на Северна Македонија се обидов да го најдам, да стапам во контакт со мојот извор, да прашам колку е сигурна информацијата. Со истиот успеав да се слушнам дури околу пладне при што сега не можам да откривам детали, но на скала од 1 до 10, информацијата е некаде 7, рече Рускоска во интервју за “360 степени”.

Рускоска не сакаше да шпекулира каде е пропусот, но отфрли каква било одговорност на Обвинителството. Истакна дека за неа како обвинител и како човек е страшно што бегствата се повторуваат.

Пировска од Хелсиншки: Излезе дека само Јанкуловска лежи, лежат и други ама по плажи

Адвокатот Давидовиќ: Обвинителството не реагира навреме, му даде два дена на обвинетиот да го снема

Касами: Министерот Спасовски да објасни каде е, кој му помогнал и како побегна Мијалков

Рускоска: Исклучувам можност дека информацијата за притворот протекла од Обвинителството

Стејт департмент: Одблизу ја следиме ситуацијата со Мијалков

Сè уште ни трага, ни глас од поранешниот директор на УБК: МВР објави меѓународна потерница по Сашо Мијалков

ВИДЕО I Заврши распитот: Братот на Сашо Мијалков замина од ПС „Пролет“

Кој го помогна бегството на Мијалков?

ВИДЕО АНКЕТА: Што мислат граѓаните за бегството на Мијалков?

ТВИТЕР ГОРИ: „Село гори, Мијалков го Чешка“, „Можеби отишол да се вакцинира“

Блиските од семејството на Мијалков повикани во полициска станица

Пендаровски за бегството на Мијалков: Секој кој се огрешил пред законот да биде казнет

ВИДЕО | Заев: Ќе има одговорност, нема политички договор – очекувам Мијалков да биде лоциран и ставен во домашен притвор

Најчевска бруталнa до коска: Само Јанкуловска имаше храброст да не побегне, туку да си ја отслужи казната

Мицкоски бара оставка од владата: Одамна реков мафијата има своја држава

Николовски: Заев му овозможи на Мијалков да побегне

Левица: Заев е директно одговорен за бегството на неговиот побратим Мијалков

ВИДЕО | Проф. Ременски: Бегството на Мијалков е голем удар и срам за нашиот правосуден систем

Цветанов: По 50 милиони евра награда за „фраерите“ кои ќе ги донесат Груевски и Мијалков

 

ФОТО: Полиција и пред куќата на Мијалков на Водно

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот