Кој го помогна бегството на Мијалков?

Во врска со издржувањето на мерката куќен притвор на обвинетиот Сашо Мијалков, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција информира дека во моментот на завршување на главната расправа за предметот „Таргет-Тврдина”, обвинителите кои постапуваа во предметот немале никакви индиции дека обвинетиот подготвува бегство.

Но и покрај тоа, како што велат од Обвинителството, по завршување на главната расправа, со цел да се преземат превентивни мерки, го известиле Министерството за внатрешни работи дека главната расправа е завршена.

Хронологија на настаните:

Сабота, 20 февруари 2021, 23 часот: Министерството за внатрешни работи ги сподели со обвинителството првите индиции дека можеби се подготвува бегство на обвинетиот Сашо Мијалков

Недела, 21 февруари, 12 часот: Во неделата утрото по направените неопходни проверки, изготвен е предлог за определување на притвор. Напладне, со цел да обезбеди услови за прием на предлогот за притвор, обвинителството го извести Основниот кривичен суд – Скопје за изготвениот предлог, како и Министерството за внатрешни работи.

Недела, 21 февруари, 14-16 часот: По исполнување на административните процедури, предметните обвинители во 14:30 часот се упатиле во Основниот кривичен суд – Скопје, каде во 15:00 часот Предлогот за определување на притвор е примен од судот и со Решение на обвинетиот Сашо Мијалков му е определeна мерка куќен притвор и 24 часовен видео и аудио надзор.

Недела, 21 февруари, 18 часот: Решението од страна на обвинителството  е примено во 18:45 часот. Во меѓувреме, до приемот на решението, јавните обвинители се известувани од надлежни лица во Министeрството за внатрешни работи дека имаат визуелен контакт со обвинетиот Мијалков и дека тој не е избеган, се наведува во соопштението од Обвинителството.

Недела, 21 февруари, 21 часот: Како што се посочува во соопштението, Обвинителството е известено дека има проблем со врачување на решението за притвор, по што во 21:47 е потврдено дека обвинетиот Мијалков не е пронајден.

Кој го помогна бегството на Мијалков?

– Имајќи го предвид фактот дека во моментот на изготвување на предлогот за определување на мерка притвор, како и во моментот на нејзиното поднесување до судот, обвинетиот Мијалков не бил во бегство, Обвинителството смета дека постојат основи на сомнение за сторено кривично дело Помагање на сторител по извршено кривично дело од член 365 од Кривичниот законик заради што ќе ги преземе сите неопходни мерки за расчистување на ваквите сомненија, се наведува во соопштението.​

Поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, од вчера попладне е недостапен, и полицијата не успеала да му го врачи решението за куќен притвор, што како мерка на претпазливост, на барање на обвинителството викендот го донесол Кривичниот суд

Министерството за внатрешни работи соопшти дека распиша национална, а побара согласност и за меѓународна потерница за Мијалков.

– Судот му одреди мерка куќен притвор на Сашо Мијалков. Преземаме мерки и активности за негово пронаоѓање. Распишана е национална потерница. Бидејќи од досега преземените мерки и активности лицето не е пронајдено, ќе го известиме судот и ќе побараме да биде издадена наредба за распишување на меѓународна потерница, информираа од МВР.

.

ВИДЕО АНКЕТА: Што мислат граѓаните за бегството на Мијалков?

МВР распиша меѓународна потерница за Сашо Мијалков

ТВИТЕР ГОРИ: „Село гори, Мијалков го Чешка“, „Можеби отишол да се вакцинира“

Пендаровски за бегството на Мијалков: Секој кој се огрешил пред законот да биде казнет

ВИДЕО | Заев: Ќе има одговорност, нема политички договор – очекувам Мијалков да биде лоциран и ставен во домашен притвор

ВИДЕО | Проф. Ременски: Бегството на Мијалков е голем удар и срам за нашиот правосуден систем

Најчевска бруталнa до коска: Само Јанкуловска имаше храброст да не побегне туку да си ја отслужи казната

Кој го помогна бегството на Мијалков?

Мицкоски бара оставка од владата: Одамна реков мафијата има своја држава

Левица: Заев е директно одговорен за бегството на неговиот побратим Мијалков

Цветанов: По 50 милиони евра награда за „фраерите“ кои ќе ги донесат Груевски и Мијалков

ФОТО: Полиција и пред куќата на Мијалков на Водно

ФОТО: „Мериот“ под полициска опсада, од Мијалков ни трага ни глас

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот