ВИДЕО | Заев: Ќе има одговорност, нема политички договор – очекувам Мијалков да биде лоциран и ставен во домашен притвор

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Премиерот Зоран Заев денеска по излегувањето од судницата каде сведочеше во процесот „Титаник“ коментираше за бегството на Сашо Мијалков.

-Разочарани сме од тоа што  не е приведен, барам институциите веднаш да го пронајдат. Очекувам информации од МВР како и детали со истрага од судот и  од јавното обвинителство. Нашиот народ очекува расветлување и понесување одговорност за еден од најважните случаи,  и ако тој биде осуден да си ја одлежи казната. Најавувам одговорност. Очекувам да се спроведе судското решение. Каде е одговорноста. Не очекувајте да правам јавна истрага пред камери, туку очекувам одговорност.  Нема политички договор, среќен сум дека сме обезбедиле услови, таму каде затаил спроведувањето на законот. До крај да се испочитува владеење на правото, очекувам разрешница и да биде лоциран и ставен во домашен притвор. Очекувам одговори и истрага.  Треба да учиме од искуството, судот е тој кој ја води постапката. Извршната власт е надвор од целиот систем. Народот е гневен и бара одговорност. Јас во 2014 објавував дека сум прислушкуван, дека не можеме да комуницираме приватно со брачните другари, изјави Заев.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот