Цветанов: По 50 милиони евра награда за „фраерите“ кои ќе ги донесат Груевски и Мијалков

Претседателот на Совет за унапредување и надзор на ревизијата Ване Цветанов преку својот Фејсбук профил излезе со интересен предлог како бегалците Никола Груевски и Сашо Мијалков да се пронајдат и вратат зад решетки.

Национална па меѓународна потерница – полицијата го бара Мијалков по сите канали

Иницирам подготовка и носење на специјален Закон за награда за испорака на Никола Груевски и Сашо Мијалков. Наградата нека биде по 50.000.000 евра по глава. Има доста меѓународни фраери кои би ја завршиле работата. Потребен е еден пратеник кој ќе го предложи законот. Наместо филозофии, ајде да бидеме конкретни. Стојам на располагање за да помогнам со сето мое знаење и искуство, повелете...“, напиша Ване Цветанов кој е поранешен директор на Агенцијата за спречување перење пари и финансирање тероризам.

Под оваа објава многумина му коментираа дека наградата сепак е превисока.

ВИДЕО | Проф. Ременски: Бегството на Мијалков е голем удар и срам за нашиот правосуден систем

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот