ФОТО: Полиција и пред куќата на Мијалков на Водно

Екипа на интервентната полиција утрово е стационирана пред куќата на поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков на Водно. Мијалков од вчера попладне е недостапен, и полицијата не успеала да му го врачи решението за куќен притвор, што како мерка на претпазливост, на барање на обвинителството викендот го донесол Кривичниот суд.

ФОТО: „Мериот“ под полициска опсада, од Мијалков ни трага ни глас

Утрово полициска екипа го чекаше Мијалков и пред хотелот Мериот каде последно е виден вчера околу 14 часот, според извештаи на некои од медиумите.

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Обвинителството побарало куќен притвор поради опасност од бегство во пресрет на објавувањето на пресудата за предметот Таргет-Тврдина в петок, а во кој Мијалков е еден од обвинетите.

Полицијата Мијалков вчера го бараше и на други адреси во Скопје, но не бил пронајден.

Обинителството во завршните зборови за Таргет-Тврдина побара максимална казна за Сашо Мијалков.

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Тој е еден од обвинетите за нелегалното прислушување на над 20 илјади граѓани во периодот од 2008 до 2015 година. Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби.

Пресудата за „Таргет – Тврдина” треба да биде објавена в петок, на 26 февруари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот