ФОТО: „Мериот“ под полициска опсада, од Мијалков ни трага ни глас

Поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, од вчера попладне е недостапен, и полицијата не успеала да му го врачи решението за куќен притвор, што како мерка на претпазливост, на барање на обвинителството викендот го донесол Кривичниот суд.

Со часови се бара Сашо Мијалков: Полицијата не може да му го врачи решението за куќен притвор

Од МВР за МИА потврдија дека му е одреден куќен притвор и оти се преземаат мерки и активности за негово пронаоѓање.

Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Обвинителството побарало куќен притвор поради опасност од бегство во пресрет на објавувањето на пресудата за предметот Таргет-Тврдина в петок, а во кој Мијалков е еден од обвинетите. Од Јавното обвинителство за ТВ24 потврдиле дека судот не му одредил притвор, туку поблага мерка куќен притвор.

Но, засега ниту од обвинителството, ниту од судот, нема официјална информација. Велат дека ќе има соопштение во текот на денот.

Мериот Сашо мијалков полиција
Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

На сајтот на МВР не е објавена потерница по Мијалков, кој, според репортерите на ТВ 21 последен пат бил виден вчера околу 14 часот во барот „Дистрикт” во  хотелот „Мериот”.

Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Подоцна, во текот на вчерашниот ден бил баран на повеќе адреси во Скопје, но не бил најден.

Обинителството во завршните зборови за Таргет-Тврдина побара максимална казна за Сашо Мијалков.

Тој е еден од обвинетите за нелегалното прислушување на над 20 илјади граѓани во периодот од 2008 до 2015 година. Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби.

ФОТО: Полиција и пред куќата на Мијалков на Водно

ВИДЕО | Проф. Ременски: Бегството на Мијалков е голем удар и срам за нашиот правосуден систем

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот