Со часови се бара Сашо Мијалков: Полицијата не може да му го врачи решението за куќен притвор

Полицијата не може да го најде првообвинетиот за масовното прислушување во „Тврдина-Таргет“, Сашо Мијалков, откако викендов судот донел решение за заострување на мерките на претпазливост со куќен притвор.

Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, од вечерва е во куќен притвор, објави вечерва Фокус неофицијално, повикувајќи се на доброупатени извори.

Поранешниот директор на УБК бил побаран на адресата што му ја оставил на судот да му биде врачено решението за куќен притвор, но таму не бил најден. Засега познато е само дека МВР го барала Мијалков на Водно, во населбата Капиштец кадешто има стан, како и хотел „Мериот“ што и претходно го пријавил како адреса за извршување на мерката куќен притвор, меѓутоа и во овие часови пред полноќ му се губи трагата на првообвинетиот во „Таргет-Тврдина“.

Во петокот, првообвинетиот си замина како слободен човек од Основниот кривичен суд, бидејќи додека траеше давањето на завршите зборови на одбраната, не беше поднесен предлог за куќен притвор за никој од групата обвинети за за масовното прислушување во „Тврдина-Таргет“.

Никој од Министерството за внатрешни работи и Обвинителството не ги потврдува информациите за распишување на централна потерница за Сашо Мијалков, додека засилена полициска контрола ги проверува речиси сите автомобили на скопската обиколница.

По завршните зборови на одбраната во петокот, на 26 февруари треба да се изрече пресудата за Сашо Мијалков, кој е обвинет за злоупотреба на службената положба и злосторничко здружување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот