Пендаровски за бегството на Мијалков: Секој кој се огрешил пред законот да биде казнет

Претседателот Стево Пендаровски во врска со бегството на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков ги повикува сите надлежни институции да ги преземат неопходните мерки со цел да биде спроведено судското решение за негов притвор.

– Вакви случувања се неприфатливи за земја која очекува да започне преговори за членство во Европската Унија и која напорно работи на реформирање на правосудниот систем и градење доверба во правната држава. Ова ги дискредитира напорите и надежите за справување со криминалот и високата корупција, потенцира претседателот Пендаровски.

Претседателот очекува надлежните институции во најкус можен рок да спроведат истрага за целосно расветлување на случајот и доколку бидат констатирани какви било пропусти од страна на надлежните институции да биде преземена одговорност.

Граѓаните бараат одговорност и кривична и морална. Борбата за правна држава значи секој кој се огрешил пред законот да биде казнет, порачува претседателот Пендаровски.

ВИДЕО АНКЕТА: Што мислат граѓаните за бегството на Мијалков?

МВР распиша меѓународна потерница за Сашо Мијалков

ТВИТЕР ГОРИ: „Село гори, Мијалков го Чешка“, „Можеби отишол да се вакцинира“

ВИДЕО | Заев: Ќе има одговорност, нема политички договор – очекувам Мијалков да биде лоциран и ставен во домашен притвор

ВИДЕО | Проф. Ременски: Бегството на Мијалков е голем удар и срам за нашиот правосуден систем

Најчевска бруталнa до коска: Само Јанкуловска имаше храброст да не побегне, туку да си ја отслужи казната

Кој го помогна бегството на Мијалков?

Мицкоски бара оставка од владата: Одамна реков мафијата има своја држава

Левица: Заев е директно одговорен за бегството на неговиот побратим Мијалков

Цветанов: По 50 милиони евра награда за „фраерите“ кои ќе ги донесат Груевски и Мијалков

ФОТО: Полиција и пред куќата на Мијалков на Водно

ФОТО: „Мериот“ под полициска опсада, од Мијалков ни трага ни глас

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот