ВИДЕО АНКЕТА: Што мислат граѓаните за бегството на Мијалков?

Сашо Мијалков, поранешниот директор на УБК, е во бегство. Од Министерството за внатрешни работи велат дека се преземаат мерки и активности за негово наоѓање и дека е распишана национална потерница.

Од Кривичниот суд велат дека барање за притворот за Сашо Мијалков од Јавното обвинителството било поднесено вчера, во 15 часот.

„Откако е утврдено дека надлежен за постапување по предлогот е Кривичниот совет при Oдделението за организиран криминал и корупција, а имајќи ја предвид итноста на постапката, иако судот законски имал рок од 24 часа да одлучува со оглед да предлогот е поднесен за време на викенд, советот во корелација со документацијата за сомневањето за бегство приложена од обвинителството со прилог известување доставени од Бирото за јавна безбедност при МВР, веднаш започна со постапување и донесе решение со кое на обвинетиот му определи мерка куќен притвор со 24 часовен надзор како и видео и електронски надзор, а во 18:30 часот решението веќе беше испратено до МВР како надлежни за понатамошно постапување“, се вели во денешното соопштение од Кривичниот суд.

Инаку, Мијалков е еден од дванаесетте обвинети за нелегалното прислушување на над 20 илјади граѓани во периодот од 2008 до 2015 година. Обвинителката Ленче Ристеска во завршниот збор за него побара максимална казна, но не побара негово обезбедување до изрекувањето на првостепената пресудата.

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека е разочаран што се случи уште едно бегство, додавајќи дека ќе побара детали за истрагата и случајот да биде расветлен во најбрз можен рок.

„Разочарани сме што тој се уште не е пронајден. Барам институциите да постапат согласно законот. Убеден сум дека тоа може да се спроведе. Очекувам детални информации и детали и истрага за самиот случај. Нашиот народ очекува расветлување оваа ситуација. Ќе побараме одговорност кога ќе ги знаеме деталите“, истакна Заев.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски пак побара „оставка од Владата веднаш“, порачувајќи дека „мафијата има своја држава“.

А еве што мислат граѓаните во врска со бегството на Сашо Мијалков.

МВР распиша меѓународна потерница за Сашо Мијалков

Кој го помогна бегството на Мијалков?

ТВИТЕР ГОРИ: „Село гори, Мијалков го Чешка“, „Можеби отишол да се вакцинира“

ВИДЕО | Заев: Ќе има одговорност, нема политички договор – очекувам Мијалков да биде лоциран и ставен во домашен притвор

ВИДЕО | Проф. Ременски: Бегството на Мијалков е голем удар и срам за нашиот правосуден систем

Мицкоски бара оставка од владата: Одамна реков мафијата има своја држава

Левица: Заев е директно одговорен за бегството на неговиот побратим Мијалков

Најчевска бруталнa до коска: Само Јанкуловска имаше храброст да не побегне, туку да си ја отслужи казната

Цветанов: По 50 милиони евра награда за „фраерите“ кои ќе ги донесат Груевски и Мијалков

ФОТО: Полиција и пред куќата на Мијалков на Водно

ФОТО: „Мериот“ под полициска опсада, од Мијалков ни трага ни глас

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот