ВИДЕО I Заврши распитот: Братот на Сашо Мијалков замина од ПС „Пролет“

Фото: youtube/printscreen

Влатко Мијалков попладнево замина од полициската станица „Пролет“ каде беше на распит по исчезнувањето на неговиот брат Сашо Мијалков, јави ТВ21. Надвор го чекаа и новинарски екипи кои, сепак, останаа без изјава.

Според ТВ21, во меѓувреме е завршен распитот и на останатите роднини и блиски соработници на поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК).

За исчезнувањето на Мијалков, јавноста дозна синоќа. По замена на мерките на претпазливост за случајот „Таргет-Тврдина“ со куќен притвор, полицијата тргна да му го достави решението, но не го најде на ниту од локациите на кои го бараше во главниот град.

Министерството за внатрешни работи попладнево распиша меѓународна потерница, меѓутоа од Мијалков нема ни трага ни глас. Во петокот ги даде завршните зборови за „Таргет-Тврдина“, случај за кој беше најавена пресуда за задутре (среда, 24 февруари). Во обвинителниот акт, тој се товари за три дела од кои едното, примање на награда за противзаконско влијание, застарува на крајот од овој месец. Останатите две се злосторничко здружување, злоупотреба на службената положба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот