Рускоска: Исклучувам можност дека информацијата за притворот протекла од Обвинителството

Вилма Русковска / Фото: Слободен печат.

Шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал, Вилма Рускоска во изјава за ТВ Сител вечерва негира дека информацијата за притворот на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков протекла од кај нив.

– Не постои таква можност, затоа што првата информација која јас ја испратив до МВР ја пишував сама во кабинет во попладневните часови во сабота и немаше никој на работа освен мене. Вчера, во неделата, дојдоа само колегите Ленче Ристовска и Трајче Пеливанов со веќе изготвен предлог до судот за определување на мерка притвор, така што освен нас тројца во неделата не знаеше никој. Апсолутно ја исклучувам можноста дека информацијата протекла од Обвинителството, изјави Рускоска.

Од вчера попладне, Мијалков е недостапен и полицијата не успеа да му го врачи решението за куќен притвор, што како мерка на претпазливост по барање на обвинителството. го донел Кривичниот суд. Министерството за внатрешни работи првично објави национална, а попладнево и меѓународна потерница за Мијалков. Во меѓувреме, во полициска станица на инфромативен разговор се повикуваат членови на семејството на Мијалков и неговото обезбедување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот