Касами: Министерот Спасовски да објасни каде е, кој му помогнал и како побегна Мијалков

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски да одговори како се случи бегството на поранешниот директор на Управата за безбеднмост и конттраразузнавање, Сашо Мијалков порача лидерот на Беса, Билал Касами во вечерашното гостување во „Клик плиус“ на ТВ 21.

– Најдиректна одговорност треба да се побара од Министерот за внатрешни работи. Избран е  во Собрание и таму да објасни каде е човекот, каде е Мијалков, како побегнал, кој му помогнал? – Тоа треба да го одговори Министерот за внатрешни работи, вели Касами.

Доколку не добие одговор на овие прашање, Касами најави дека ќе побара политичка одговорност.

– Ќе бараме политичка одговорност, ако не добиеме одговори на овие прашања. Политичка одговорност не може да побараме од Обвинителството, само од министерот за внатрешни работи, додаде Касами.

За тоа, како што најави, ќе почекаат да минат неколку дена за разјаснување на ситуацијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот