Членови на најблиското семејство на Сашо Мијалков, неговиот брат, но и сите кои биле во неговото приватно обезбедување се повикани во полициска станица, дознава „Слободен печат“.
Повиканите, како што велат од истрагата, ќе треба да дадат исказ за последните активности и движења на избеганиот екс директор на УБК. Според соговорниците, засега не се знае каде е избеган Мијалков, а се истражува кој му дојавил дека ќе му се определи мерка куќен притвор и кој се му помогнал во бегството.