Адвокатот Давидовиќ: Обвинителството не реагира навреме, му даде два дена на обвинетиот да го снема

Одговорност за бегството на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков треба да се бара кај Обвинителството, смета адвокатот Ѕвонко Давидовиќ.

– Одговорноста денеска се префрла, како и многу пати досега, од еден на друг. Но, доколку внимателно ги прочитате соопштенијата, а учествувате во кривичните предмети долги години, очигледно дека ќе лоцирате одговорност кај обвинителството, вели адвокатот Давидовиќ во емисијата „Топ тема“ на ТВ Телма.

– Ако Обвинителството давало завршни зборови во петокот, а мерки за обезбедување на еден од обвинетите бара дури во недела, јасно е дека промашиле. Постапиле ненавремено и не успеале го обезбедат, објасни Давидовиќ.

Тој вели дека е јасно оти Министерството за внатрешни работи (МВР) не може да постапи ако нема судско решение.

– Не може да разговараме за правна држава. Имаме закон за Кривична постапка и полицијата нема право да ограничи ничии права, ниту слободата на движење ако нема судско решение, вели Давидовиќ за Телма.

Давидовиќ е дециден дека „Обвинителството е тоа кое му даде два дена можност на обвинетиот едноставно да го снема“. Тој заклучи дека се потребни реформи во судството и во обвинителството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот