Стејт департмент: Одблизу ја следиме ситуацијата со Мијалков

Фото: Архива

Одблизу ја следиме ситуацијата и свесни сме за извештаите, кусо изјави портпаролот на Стејт департментот за „Глас на Америка“ на македонски јазик по бегството на Сашо Мијалков.

Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска попладне распиша меѓународна потерница по поранешниот шеф на УБК, кој од вчера попладне е недостапен, и полицијата не успеала да му го врачи решението за куќен притвор, што како мерка на претпазливост, на барање на обвинителството викендот го донел Кривичниот суд.

Тој е еден од обвинетите за нелегалното прислушување на над 20 илјади граѓани во периодот од 2008 до 2015 година. Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби.

Обинителството во завршните зборови за случајот „Таргет-Тврдина“ побара максимална казна за Сашо Мијалков, а пресудата треба да биде објавена в петок, на 26 февруари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот