Коалиција „Сите за правично судење“: Со легализација на канабисот ќе се сузбие криминалот и ќе се зајакне легалната економија

Во правото општо е прифатено стојалиштето според кое нанесувањето штета сам на себе не се санкционира. Така, во Кривичниот законик нема да најдете инкриминации на обидот за самоубиство или нанесување на телесни или тешки телесни повреди сам на себе, вели за „Слободен печат“ адвокатот Натали Петровска и директор на Коалиција „Сите за правично судење“ во врска со евентуалната легализација на марихуаната во нашата земја.

Петровска додава дека и самиот член 215 од Законот кој се однесува за нелегално производство и пуштање во промет на дроги не го инкриминира нивното користење, односно дека поседувањето на нелегална дрога е казниво само доколку истото е направено со намера да се препродаде, но вели оти сепак во пракса не е така.

– Во пракса многу често се случува товарот на докажување на намерата за препродавање или користење да падне на самото обвинето лице, па дури да бидат и осудени лица кои биле затекнати како користат марихуана, иако користењето не е казниво согласно Кривичниот закон. Сметаме дека легализацијата на марихуаната првенствено ќе придонесе кон целосно избегнување на казнувањето на лица кои користат марихуана, особено доколку се земе предвид дека истата ја користат и лица со здравствени проблеми, поради што и на светско ниво се гледа тренд на легализација на медицинската и рекреативната употреба на марихуаната – смета Петровска.

И покрај тоа што според неа легализацијата ќе доведе до тоа да не се казнуваат лицата кои само ја консумираат, сепак Петровска верува оти е најдобро тоа да се случи на територија на цела држава, бидејќи само така би имале многу повеќе придобивки од целиот овој процес.

– Со легализацијата на истата, државата ќе има многу поголема контрола врз користењето на марихиуаната и нејзината распространетост во државата, а воедно ќе се сузбие и еден од главните извори на финансиски средства за организираните криминални групи. Оттука, Коалицијата сите за правично судење смета дека легализацијата на марихуаната на територија на целата држава би имала повеќе придобивки, кои ќе се однесуваат на правната сигурност, социјалната грижа за лицата кои користат дрога, сузбивање на организираниот криминал, како и зајакнување на легалната економија – потенцира Петровска.

Во продолжение, проследете ги ставовите на оваа тема од други македонски професори, политичари, медицински лица и граѓани:

По препорака на СЗО: Комисија на ОН го симна канабисот од листата на најопасни наркотици

 

Се бара декриминализација на канабисот

Д-р Беќаровски: Заблуда е дека марихуаната доведува до посегнување по потешки дроги

ВИДЕО | Митровски: Профитот од канабис би бил голем, но постои интенција пазарот да се монополизира

Хактан Исмаил од Левица: Ние сме за легализација на марихуаната и за искористување на нејзиниот потенцијал

ВИДЕО | Џафери: Македонија не е Холандија, темата за декриминализација на марихуаната е преуранета

„Коалиција Маргини“ за легализација на марихуаната: И алкохолот е дрога, па е легален!

Хелсиншки: Итна декриминализација на канабисот за лична употреба, социјални клубови за продажба и агенција која ќе контролира

Достовски од „Зелена Алтернатива“: Декриминализација и легализација на марихуана ДА, но зошто само во туристичките места?

ВИДЕО | Дуковски од Макканабис: Докторите се против легализација на канабис бидејќи не знаат колку е ефикасен

ВИДЕО | ЛДП: Потребен е посебен закон за канабис

Национален Младински совет: Марихуаната да биде легална во целата земја

ВИДЕО | Легализација на марихуана: „За и против“, разговор со Борјан Јовановски

Алијанса за Албанците: Македонија не е подготвена за легализација на марихуаната

Пушење канабис и корона не е на добро

Д-р Чибишев: Марихуаната може да го зголеми ризикот за развој на шизофренија

Богданова-Смилевска: Легализацијата на канабисот во Македонија би била темпирана бомба за цел Балкан

Лабовиќ: Со легализацијата на канабисот ќе станат лесно достапни и производи опасни по здравјето за младата популација

Проф. д-р Николовски: Со легализација на канабисот ќе станат поприсутни и другите нелегални активности

ВИДЕО | Морачанин: Ја поддржуваме иницијативата за лична употреба на канабисот

Д-р Васев: Медицинскиот канабис помага кај некои видови на канцер само како комплементарна терапија

МПЦ: Не сме дискутирале за легализација на канабисот во рекреативни цели, но како порок не го одобруваме

ВИДЕО АНКЕТА: За дел од граѓаните марихуаната е дрога, други се за легализацијa

Угостителите веќе подготвуваат препораки за начинот на продажба на канабисот во угостителските објекти

И детектори за канабис се во игра за поголема контрола во сообраќајот ако се легализира

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот