МПЦ: Не сме дискутирале за легализација на канабисот во рекреативни цели, но како порок не го одобруваме

По најавите за легализација на канабисот во земјава за рекреативни цели во туристичките места, со свој став излегоа повеќе политички партии, но и невладини здруженија. Македонската православна црква МПЦ-ОА се уште нема заземано генерален став по ова прашање.

Заев најавува декриминализација и легализација на канабисот: Не е во ред да се оди во затвор за грам

Од МПЦ за „Слободен печат“ велат дека Синодот нема дискутирано на оваа тема, односно дека чекаат конкретни насоки на кој начин би се одвивала легализацијата за да може и таму да се развие дебата по ова прашање.

„Синодот се уште нема изградено став во врска со легализацијата на марихуаната во земјава, односно луѓето кои се во Македонската православна црква немаат дискутирано на оваа тема, бидејќи се уште немаме репер кон што конкретно да се однесуваме“, велат од МПЦ.

Угостителите веќе подготвуваат препораки за начинот на продажба на канабисот во угостителските објекти

И покрај тоа што нагласуваат дека конкретен одговор на ова прашање немаат, сепак од МПЦ потенцираат дека употребата на канабисот во медицински цели би била во ред.

„Генерално, како и за секоја работа, доколку станува збор за легализација во медицински цели тогаш е во ред, но доколку се работи за порок, тогаш не е во ред. Тоа се тие општи насоки, меѓутоа не е водена дискусија на оваа тема во некоја конкретна насока“, додаваат од МПЦ.

Хактан Исмаил од Левица: Ние сме за легализација на марихуаната и за искористување на нејзиниот потенцијал

Алијанса за Албанците: Македонија не е подготвена за легализација на марихуаната

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот