Угостителите веќе подготвуваат препораки за начинот на продажба на канабисот во угостителските објекти

Скопје / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Поттикнувањето на туризмот е една од главните причини за иницијативата за легализација на марихуаната во земјата, па токму поради тоа ова се очекува најпрво да се случи во туристичките центри во земјава.

Доколку Владата ја реализиара својата најава, во дел од угостителските објекти во Скопје, Охрид, Струга и Берово најпрво би требало да се започне со слободна продажба на канабис за рекреативни цели.

Од Независната угостителска комора (НУК) за „Слободен печат“ велат дека се во тек дебати со угостителите на оваа тема.

„Во моментов околу 15 угостители дебатираат на оваа тема. Поголемиот дел од нив се со поделени ставови, па работиме на тоа да формираме заеднички став“, велат од НУК.

Од угостителската комора истакнуваат и дека се очекува да формираат насоки како и со кои препораки би се продавала марихуаната.

„Ќе презентираме наши насоки и препораки за тоа како ние сметаме дека треба да се одвива продажбата и употребата на канабис во угостителските објекти ако се случи легализацијата“, додаваат од НУК.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот