Алијанса за Албанците: Македонија не е подготвена за легализација на марихуаната

Додека Владата предводена од СДСМ смета дека треба да се започне со процесот на легализација на канабисот за рекреативни цели, Фалкрон Беџети, од Алијанса на Албанците, во изјава за „Слободен печат“, тврди дека е рано да се зборува за такво нешто.

Заев најавува декриминализација и легализација на канабисот: Не е во ред да се оди во затвор за грам

– Во принцип ние сме имале изјави на оваа тема и претходно и не сме за легализаија на марихуаната. Како главна причина за тоа е фактот што сметаме дека се уште не сме подготвени за такво нешто како општество. Ова се случува во тие поразвиените демократии, а ние имаме уште повеќе да направиме за нашите граѓани, бидејќи сега за сега тој процес нема да ѝ донесе добро на државата – вели Беџети.

Тој изразува сомнеж и во економските придобивки кои во овој момент би можеле да ги имаме како држава од легализацијата на канабисот.

– Ние сме првично за функционирање на правниот систем, па потоа да профункционираат и таквите закони. Се сомневаме дека во оваа ситуација тоа ќе функционира, веруваме дека ќе има и злоупотреба и не веруваме дека сега за сега легализацијата ќе донесе и некој позначаен економски придонес – заклучува Беџети.

Хактан Исмаил од Левица: Ние сме за легализација на марихуаната и за искористување на нејзиниот потенцијал

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот