И детектори за канабис се во игра за поголема контрола во сообраќајот ако се легализира
Корисниците на марихуана во земјава моментално се гонат од страна на полицијата само поради количината на оваа лесна дрога која ја носат со себе, додека никој не им го мери нивото на ТХЦ кое моментално го имаат во крвта.
Токму поради тоа докторот Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија, кој изрази полиберален став во врска со марихуаната, истакнувајќи дека тоа е повеќе правен отколку здравствен проблем, посочи дека доколку дојде до легализација полицијата ќе мора да биде опремена со детектори за канабис.
– Во ваква состојба, слично како и при алкохолизираност лицето не е способно за управување со моторно возило и токму поради тоа сообраќајната полиција ќе мора покрај дрегерите за алкохол да биде опремена и со детектори за канабис, за да се спречат сообраќајни инциденти – вели Беќаровски за „Слободен печат“.
Докторот додаде дека сепак тоа е нешто што допрва би требало правно да се регулира.
– Секако дека оваа материја ќе треба закосни да биде точно регулирана, што повторно го наметнува заклучокот дека легализацијата е пред се правна материја – заклучи Беќаровски.
Во продолжение, погледнете ги и ставовите на македонските граѓани и политичари на оваа тема.
ВИДЕО АНКЕТА: За дел од граѓаните марихуаната е дрога, други се за легализацијa
Д-р Беќаровски: Заблуда е дека марихуаната доведува до посегнување по потешки дроги
Алијанса за Албанците: Македонија не е подготвена за легализација на марихуаната
ВИДЕО | Џафери: Македонија не е Холандија, темата за декриминализација на марихуаната е преуранета
Д-р Васев: Медицинскиот канабис помага кај некои видови на канцер само како комплементарна терапија