ВИДЕО | Џафери: Македонија не е Холандија, темата за декриминализација на марихуаната е преуранета

Запрашан за отворање на дебата меѓу пратениците за предлогот за декриминализација на марихуаната, која беше најавена од премиерот Зоран Заев, претседателот на Собранието Талат Џафери во Утрински Брифинг на Слободна ТВ изјави:

-Дебата е секогаш потребна, но гледајќи ја перцепцијата на граѓаните во целина сметам дека темата за декриминализација и депенализација на марихуаната е преуранета. Кога се работи за општ однос кон граѓаните и за граѓаните, мислам дека кај мнозинството кај нив преовладува перцепцијата дека предусловите менталитет и сфаќањата по однос на овие прашања не се исти со оние во Холандија. Затоа сметам дека треба поширока и подолга дебата, но доколку мнозинството одлучи ова да помине како предлог Закон јас немам намера да го спорам, вели Џафери.

ВИДЕО | Џафери: Не ме изненадува односот и вокабуларот на одредени пратеници

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот