Д-р Васев: Медицинскиот канабис помага кај некои видови на канцер само како комплементарна терапија

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Деновиве постојано се зборува за декриминализација и легализација на канабисот во рекреативни цели, но општо познато е дека марихуаната може да има широка примена и во здравството.

Националниот институт за рак пред неколку години ја ажурираше својата веб страница, каде што посочи дека канабисот не е само ефикасен во помагањето да се отстранат симптомите што произлегуваат од третманот на рак како, гадење, губење на апетит, силна болка, непријатност, но дека тој всушност може да се користи за борба против ракот.

Со ова донекаде се согласува и онкологот Нино Васев, кој во претходна изјава за „Слободен печат“, иако потенцира дека не ја прифаќа алтернативната медицина, сепак истакна дека медицинскиот канабис може да биде од помош кај одредени видови на рак.

– Апсолутно сум против алтернативната терапија што значи да се смени класичната, научно докажана терапија. Комплементарна терапија подразбира додавање на витаминска терапија покрај клиничките лекови и тоа не е забрането. Но алтернативни лекови не треба да се земаат на своја рака. Многу од нив земаат медицински канабис кој им ја смалува болката, ја ублажува, лечи депресија, помага кај некој вид на канцер. Медицинскиот канабис е легален и како комплементарна терапија се употребува – вели д-р Васев.

Во претходни клинички студии на живи животни, истражувачите откриле и дека канабиноидите во TХЦ биле во можност да ги изолираат и всушност да ги елиминираат клетките на ракот, што покажува дека канабисот може да има повеќе позитивни страни доколку се користи во медицински цели.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот