Пушење канабис и корона не е на добро

Докторот од клиниката за Токсикологија Андон Чибишев верува дека оние кои редовно консумираат марихуана многу потешко ќе се изборат со ковид-19.

Во изјава за „Слободен печат“ тој истакна дека пушењето канабис предизвикува белодробна инфекција, која може да ја наруши работата на овој витален орган.

– Покрај на срцето марихуаната делува и на другите витални органи, како на пример на белите дробови. На пример, сите што ќе заболат од корона, а се зависници од канабис потешко ќе ја поминат, затоа што се изложени повеќе на можноста на настанување на инфекции на белите дробови. Тие имаат потешкотии со дишењето, иако не се болни, поткашлуваат постојано – вели Чибишев.

Поради ова тој апелира на претпазливост при процесот на легализација на марихуаната, односно советува на оваа тема да се консултираат повеќе стручни лица како доктори, психолози, социолози и психијатри.

Д-р Чибишев: Марихуаната може да го зголеми ризикот за развој на шизофренија

Во продолжение, погледнете ги и ставовите на македонските граѓани и политичари на оваа тема.

ВИДЕО АНКЕТА: За дел од граѓаните марихуаната е дрога, други се за легализацијa

Д-р Беќаровски: Заблуда е дека марихуаната доведува до посегнување по потешки дроги

Алијанса за Албанците: Македонија не е подготвена за легализација на марихуаната

Хактан Исмаил од Левица: Ние сме за легализација на марихуаната и за искористување на нејзиниот потенцијал

ВИДЕО | Џафери: Македонија не е Холандија, темата за декриминализација на марихуаната е преуранета

Д-р Васев: Медицинскиот канабис помага кај некои видови на канцер само како комплементарна терапија

МПЦ: Не сме дискутирале за легализација на канабисот во рекреативни цели, но како порок не го одобруваме

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот