ВИДЕО АНКЕТА: За дел од граѓаните марихуаната е дрога, други се за легализацијa

Повеќе политички партии и доктори веќе јавно го изразуваат својот став на темата за легализација на марихуаната во земјата, поттикнати од најавата на властите за евентуално легално пуштање во употреба на канабисот во рекретивни цели во туристичките места во земјава.

Заев најавува декриминализација и легализација на канабисот: Не е во ред да се оди во затвор за грам

„Слободен печат“ спроведе кратка анкета преку која ги праша и граѓаните што тие мислат, односно дали сметаат дека е во ред да се дозволи користење на марихуаната за рекреативни цели и во Македонија.

Многу граѓани воопшто не сакаат да зборуваат на оваа тема, со што се наметнува заклучокот дека таа и понатаму, барем до одреден степен, останува табу кај дел од граѓаните.

Повеќе испитаници велат дека „тоа сепак е дрога“ и дека „само актуелните консуматори би имале корист од легализацијата“.

– Какви рекреативни цели, никаква легализација на канабис во земјава. Канабисот е дрога, досега се сметаше за дрога, сега што е? За тие што се дрогираат ќе биде добро и со тоа ќе се зголеми бројот на консуматори – вели еден од анкетираните граѓани за „Слободен печат“.

И други граѓани се со сличен став, сметајќи дека на тој начин нема да имаме никави бенефити, туку само ќе се доведе до зголемување на криминалот во земјава.

– Како држава не сме на такво ниво за да си го приуштиме тоа. Со легализацијата само ќе се зголеми криминалот во земјава – смета друг испитаник.

Сепак, постојат граѓани кои веруваат дека доколку постои интерес, канабисот треба да биде легален.

– Нека се легализира, ако сака народот зошто да не. Западноевропските земји веќе легализираат само за лична употреба, зошто некој да се крие, па некој за еден џоинт да лежи година, две во затвор исто како за хероин. Кај нас судовите не прават голема разлика – вели друг граѓанин.

Некои од испитаниците сметаат дека е подобро да се пуши јавно, отколку луѓето да се кријат правејќи го тоа.

– Нека се легализира, подобро да биде легално, отколку луѓето да се кријат – смета друга испитаничка.

Погледнете што одговорија граѓаните на ова прашање:

Во продолжение, прочитајте ги и ставовите на македонските лекари и политичари на оваа тема.

Д-р Беќаровски: Заблуда е дека марихуаната доведува до посегнување по потешки дроги

Д-р Чибишев: Марихуаната може да го зголеми ризикот за развој на шизофренија

Алијанса за Албанците: Македонија не е подготвена за легализација на марихуаната

Хактан Исмаил од Левица: Ние сме за легализација на марихуаната и за искористување на нејзиниот потенцијал

ВИДЕО | Џафери: Македонија не е Холандија, темата за декриминализација на марихуаната е преуранета

Д-р Васев: Медицинскиот канабис помага кај некои видови на канцер само како комплементарна терапија

МПЦ: Не сме дискутирале за легализација на канабисот во рекреативни цели, но како порок не го одобруваме

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот