ВИДЕО | Дуковски од Макканабис: Докторите се против легализација на канабис бидејќи не знаат колку е ефикасен

Нашето залагање за легализација на канабисот и донесувањето на Законот за декриминализација не е само од профитен аспект. Ние сакаме да укажеме дека законот овозможува формирање на агенција која ќе се занимава со оваа индустрија, ќе се донесат нови правилници и подзаконски акти, а агенцијата ќе има за цел да ги регулира сите одредби кои ќе произлезат од законот, објаснува претседателот на Макканабис, Костадин Дуковски.

Имаме забелешки на нацрт законот кој што е во процедура, но подобро да се донесе законот за легализација на канабисот со мали недостатоци, отколку воопшто да не се донесе, бидејќи постои опасност да не престигнат другите европски држави. За да имаме безбеден производ мораме да ги запазиме сите меѓународни стандарди. Вложуваме и во клинички испитувања за да знаеме како е најправилно да се конзумира маслото од канабис за медицински цели. Свесен сум дека тоа ја крева цената, но Фондот за здравствено осигурување треба да размисли за да го стави овој лек на позитивната листа на лекови, по примерот на Германија и Чешка, вели Дуковски.

Според него овој лек не треба да го препишува специјалист, туку општ лекар.

-На пример ако еден пациент има несоница, наместо да зема синтетички апчиња, може да го земе маслото од канабис и тоа само со препорака од матичниот лекар, вели Дуковски.

Во однос на негативните ставови на лекарите за легализација на канабисот, тој вели дека лекарите немат протокол за лекување со канабис и затоа не ги знаат позитивните својства на овој лек.

-Јас не ги обвинувам лекарите, тие немаат искуство, бидејќи немаме протокол за лекување со канабис. Уверувам дека нема негативни дејствија, а клиничките истражувања во светот покажале успешни резултати при лекувањето. Сепак кога зборуваме за легализација мора да правиме разлика помеѓу рекреативно уживање на канабисот и лекување со канабис. Со донесувањето на законот и формирање на агенцијата ќе може да се спречат девијантни појави, вели Дуковски.

Во продолжение, проследете ги ставовите на оваа тема од други македонски професори, политичари, медицински лица и граѓани:

По препорака на СЗО: Комисија на ОН го симна канабисот од листата на најопасни наркотици

Се бара декриминализација на канабисот

Д-р Беќаровски: Заблуда е дека марихуаната доведува до посегнување по потешки дроги

ВИДЕО | Митровски: Профитот од канабис би бил голем, но постои интенција пазарот да се монополизира

Хактан Исмаил од Левица: Ние сме за легализација на марихуаната и за искористување на нејзиниот потенцијал

ВИДЕО | Џафери: Македонија не е Холандија, темата за декриминализација на марихуаната е преуранета

ВИДЕО | Легализација на марихуана: „За и против“, разговор со Борјан Јовановски

„Коалиција Маргини“ за легализација на марихуаната: И алкохолот е дрога, па е легален!

Достовски од „Зелена Алтернатива“: Декриминализација и легализација на марихуана ДА, но зошто само во туристичките места?

 

Алијанса за Албанците: Македонија не е подготвена за легализација на марихуаната

Пушење канабис и корона не е на добро

Д-р Чибишев: Марихуаната може да го зголеми ризикот за развој на шизофренија

Богданова-Смилевска: Легализацијата на канабисот во Македонија би била темпирана бомба за цел Балкан

Лабовиќ: Со легализацијата на канабисот ќе станат лесно достапни и производи опасни по здравјето за младата популација

Проф. д-р Николовски: Со легализација на канабисот ќе станат поприсутни и другите нелегални активности

ВИДЕО | Морачанин: Ја поддржуваме иницијативата за лична употреба на канабисот

Д-р Васев: Медицинскиот канабис помага кај некои видови на канцер само како комплементарна терапија

МПЦ: Не сме дискутирале за легализација на канабисот во рекреативни цели, но како порок не го одобруваме

ВИДЕО АНКЕТА: За дел од граѓаните марихуаната е дрога, други се за легализацијa

Угостителите веќе подготвуваат препораки за начинот на продажба на канабисот во угостителските објекти

И детектори за канабис се во игра за поголема контрола во сообраќајот ако се легализира

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот