4 C
Скопје

„Коалиција Маргини“ за легализација на марихуаната: И алкохолот е дрога, па е легален!

Ние како здружение од старт се застапуваме за декриминализација на личната употреба на дроги по примерот на Португалија и овде не влегува само марихуаната. Личната употреба на дроги сметаме дека не треба да биде кривично дело и не треба полицијата и обвинителството и целиот кривичноправен систем да гони луѓе коишто имаат дрога за лична употреба – вели Драгана Дрндаревска од „Коалиција Маргини“ за „Слободен печат“, за најавената легализација на марихуаната во рекреативни цели во земјава.

Дрндаревска го оцени ставот на Владата како „позитивен чекор“ во таа насока, но истакна дека се потребни измени во законите за понатамошна имплементација.

– Сметаме дека декриминализацијата на дроги за лична употреба е модел кој најмногу одговара за почитување на човековите права на луѓето кои употребуваат дроги. Така што ова што го предлага Владата го сметаме како позитивен прв чекор, меѓутоа очекуваме да бидеме консултирани, да бидеме викнати, да бидеме прашани и да се случат некои поконретни чекори, бидејќи засега имаме само дебата за тоа, но потребни се измени и во Кривичниот закон и во Законот за прекршоци и, секако, во Законот за контрола на дроги и психотропни супстанци – смета Дрндаревска.

Прочитајте и...  ВИДЕО | Мијалков - човекот од сенка што земјотресно ги стресе столбовите на државата, разговор со новинарот Љупчо Поповски

Во врска со евентуалните штетни последици од марихуаната, Дрндаревска направи паралела со алкохолот, исто така потенцирајќи дека во едно општество постојат „легални и нелегални дроги“.

– Во општеството постојат легални и нелегални дроги. За алкохолот сите лекари ќе кажат дека предизвикува сериозни последици по здравјето и животот на луѓето, дека е крајно штетен, а многу лекари ќе се согласат и дека марихуаната не остава такви штетни последици како што остава алкохолот, така што во едно општество што е легална, а што нелегална дрога бира законодавецот. Со тоа што една дрога ќе ја прогласиме за легална, а друга за нелегална, тоа не значи дека луѓето повеќе или помалку ќе ја употребуваат – додава Дрндаревска.

Според неа со декриминализацијата ќе се усвои „почовечки пристап“, а тоа нема да доведе до зголемувањето на бројот на луѓе кои ќе ја користат.

 – Декриминилизацијата која се случи и во Португалија и легализацијата во Холандија покажа дека со тоа не се зголемува бројот на луѓе кои употребуваат дрога. Луѓето кои сакаат да употребуваат одредена дрога ќе си најдат начин како да ја употребуваат. Со декриминализацијата усвојуваме само еден почовечки пристап кон употребата на дроги и вината не ја бараме во оние кои ја употребуваат – потенцира Дрндаревска.

Прочитајте и...  Мисајловски: Да ги тргнеме овие луѓе кои ја однесоа Македонија во бездна

Во продолжение, проследете ги ставовите на оваа тема од други македонски професори, политичари, медицински лица и граѓани:

По препорака на СЗО: Комисија на ОН го симна канабисот од листата на најопасни наркотици

Се бара декриминализација на канабисот

Д-р Беќаровски: Заблуда е дека марихуаната доведува до посегнување по потешки дроги

ВИДЕО | Митровски: Профитот од канабис би бил голем, но постои интенција пазарот да се монополизира

Хактан Исмаил од Левица: Ние сме за легализација на марихуаната и за искористување на нејзиниот потенцијал

ВИДЕО | Џафери: Македонија не е Холандија, темата за декриминализација на марихуаната е преуранета

ВИДЕО | Легализација на марихуана: „За и против“, разговор со Борјан Јовановски

Алијанса за Албанците: Македонија не е подготвена за легализација на марихуаната

Пушење канабис и корона не е на добро

Д-р Чибишев: Марихуаната може да го зголеми ризикот за развој на шизофренија

Богданова-Смилевска: Легализацијата на канабисот во Македонија би била темпирана бомба за цел Балкан

Лабовиќ: Со легализацијата на канабисот ќе станат лесно достапни и производи опасни по здравјето за младата популација

Проф. д-р Николовски: Со легализација на канабисот ќе станат поприсутни и другите нелегални активности

ВИДЕО | Морачанин: Ја поддржуваме иницијативата за лична употреба на канабисот

Д-р Васев: Медицинскиот канабис помага кај некои видови на канцер само како комплементарна терапија

МПЦ: Не сме дискутирале за легализација на канабисот во рекреативни цели, но како порок не го одобруваме

ВИДЕО АНКЕТА: За дел од граѓаните марихуаната е дрога, други се за легализацијa

Угостителите веќе подготвуваат препораки за начинот на продажба на канабисот во угостителските објекти

И детектори за канабис се во игра за поголема контрола во сообраќајот ако се легализира

Достовски од „Зелена Алтернатива“: Декриминализација и легализација на марихуана ДА, но зошто само во туристичките места?

 

Прочитајте и...  Мијалков пристигна во Кривичниот суд

Поврзани вести

Шокантно сведоштво: Косовската полиција трага по доктор осуден на 6,6 години затвор за сексуално злоставување на 15-годишното девојче

Илинка Иљоска

ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОДРЖИНА I Ловџика на трофеи ја згрози јавноста: На денот на заљубените позираше со убиена жирафа

И.И.

Професорката Беса Арифи: Важен ден, бидејќи моќен човек како Мијалков заврши со сериозна затворска казна

Слободен печат

Летните тераси повеќе нема да го окупираат јавниот простор

Слободен печат

Дијаспората на БиХ во САД не го сака Германецот Кристијан Шмид за нов Висок претставник во нивната земја

Слободен печат

Русија почна со производство на „Спутник V“ во спреј

Слободен печат

Остави Коментар