Проф. д-р Николовски: Со легализација на канабисот ќе станат поприсутни и другите нелегални активности

Во врска со најавуваната легализација на марихуаната во рекреативни цели во земјава, професор д-р Марјан Николовски од криминалистичката катедра при Факултетот за безбедност во Скопје, за „Слободен печат“, вели дека потребни се дополнителни истражувања на оваа тема, но верува оти тоа ќе поттикне повеќе криминални групи да го променат својот фокус и да се свртат кон трговија со оваа дрога.

Заев најавува декриминализација и легализација на канабисот: Не е во ред да се оди во затвор за грам

– За да се каже дали легализацијата би била добра одлука или не потребно е да се направи истражување кое ќе трае одреден временски период, но производството и трговијата со дрога е најпрофитабилниот облик на организиран криминал и кај нас. Тоа значи дека доколку дојде до легализирање, организираните криминални групи кои се занимавале со други облици на криминал ќе се преструктурираат и ќе се вклучат во производство и трговија со дрога која ќе биде барана на пазарот – вели Николовски.

Професорот додава дека со евентуалната легализација и другите облици на криминал би се зголемиле во наредниот период.

– Овде не смееме да ги заборавиме и секундарните ефекти – лицата уживатели на наркотични средства најголем дел од финансиските средства за дрога ги обезбедуваа од нелегални активности како што се имотните деликти, социопатски појави, проституција и слични појави, кои пак во наредниот период би биле поприсутни во овие подрачја – додава Николовски.

Во продолжение, погледнете ги и ставовите на македонските граѓани и политичари на оваа тема:

ВИДЕО АНКЕТА: За дел од граѓаните марихуаната е дрога, други се за легализацијa

Д-р Беќаровски: Заблуда е дека марихуаната доведува до посегнување по потешки дроги

Д-р Чибишев: Марихуаната може да го зголеми ризикот за развој на шизофренија

Алијанса за Албанците: Македонија не е подготвена за легализација на марихуаната

Хактан Исмаил од Левица: Ние сме за легализација на марихуаната и за искористување на нејзиниот потенцијал

ВИДЕО | Џафери: Македонија не е Холандија, темата за декриминализација на марихуаната е преуранета

Д-р Васев: Медицинскиот канабис помага кај некои видови на канцер само како комплементарна терапија

МПЦ: Не сме дискутирале за легализација на канабисот во рекреативни цели, но како порок не го одобруваме

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот