По препорака на СЗО: Комисија на ОН го симна канабисот од листата на најопасни наркотици

Марихуана /Фото: Профимедиа

Канабисот и смолата од канабис се симнати од листата на најопасни наркотици, но остануваат под малку построг режим на контрола. Одлуката ја донесе Комисијата за наркотични дроги при Обединетите нации (ОН), по препораката на Светската здравствена организација (СЗО), но токму „построгиот режим“ не дозволува легализација на марихуаната во меѓународен систем за контрола на наркотици.

За симнување на канабисот и смолата од канабис од Четврта категорија, според Единствената конвенција за наркотични дроги, гласаа 27 члена на Комисијата, 25 беа против, а еден беше воздржан, соопшти агенцијата на ОН.

Според Конвенцијата од 1961 година, меѓународен договор за забрана на производство и набавка на одредени лекови, канабис и смола од канабис досега беше во категоријата четири, заедно со хероинот и други опоиди.

Канабисот и смолата од канабис, по гласањето на Комисија на ОН, ќе бидат во иста категорија со кокаин, метадон, фентанил, опиум и морфиум.

Канада и Уругвај се единствените две земји што легализираа продажба и употреба на канабис за рекреативни цели, додека многу земји низ светот го декриминализираа поседувањето марихуана.

Експертите велат дека отстранувањето на канабисот од категоријата најопасни наркотици може да доведе до слабеење на меѓународните контроли врз марихуаната за медицински цели

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот