Се бара декриминализација на канабисот

Итна декриминализација на поседување и лична употреба на канабисот, но и на негово одгледување за лична употреба, побараа вчера повеќе граѓански здруженија. Тие посочија дека со забрана за користење на канабисот се кршат човекови права и токму затоа потребна е измена и дополнување на Предлог-законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции.

Освен декриминализација за лична употреба, здруженијата Зелена алтернатива, ЗНАМ, ХОПС, Коалиција Маргини и Хелсиншки комитет за човекови права бараат да се овозможи основање и работење на социјални клубови.

Меѓу барањата се и тие да се зголеми бројот на здравствените состојби за кои може да се користат препарати од канабис во согласност со медицината базирана на докази, да се дозволи лекари, освен од јавното и од приватното здравство, да препишат препарати од канабис и да се дозволи можност пациентот што добил препорака за лекување со препарати од канабис, да може сам да си одгледа и да ги користи во форма во која најмногу му одговара за неговата состојба.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот