Хелсиншки: Итна декриминализација на канабисот за лична употреба, социјални клубови за продажба и агенција која ќе контролира

Речиси 45,1 отсто од оперативните сознанија што дошле до македонската полиција во текот на 2021 година се однесуваат на недозволена трговија со марихуана, па затоа најзастапена е заплената на марихуаната / Илустративна фотографија

Рекреативно пуштање во употреба на канабисот, или итна декриминализација на поседувањето на канабис за лична употреба е едно од шесте клучни барања на Иницијативата на Хелсиншкиот комитет за декриминализација на поседување канабис за лична употреба. Овие барања, како што нагласуваат од Комитетот, се поткрепени со правничка и медицинска аргументација, а се од итен, заеднички и национален интерес.

Покрај итна декриминализација за поседување на канабис за лична употреба, со која уживателите не би се гонеле кривично, од Хелсиншки бараат и декриминализација за одгледување на растенија за лична употреба преку контрола и регулација на истата, основање и работење на социјални клубови каде легално би се продавал и консумирал канабисот, како и зголемување на бројот на здравствени состојби за кои може да се користат препарати од канабис, согласно медицината базирана на докази.

– Дополнително, преку измена и дополнување на законската легислатива да се дозволи освен лекари од јавното, и лекари од приватното здравство да можат да препишуваат препарати од канабис и да се дозволи можност пациентот кој добил препорака за лекување со препарати од канабис да може сам да одгледува и користи канабис во форма која согласно неговата здравствена состојба најмногу му одговара (орално, преку инхалација или преку супозитории) – додаваат од Хелсиншки.

Покрај ова, од Хелсиншки во својот план предивидуваат уште две работи: Формирање на агенција за канабис – ново специјализирано државно тело кое би го регулирало и би вршело надзор над одгледувањето на канабис за лична употреба, основање и работа на социјални клубови, одгледување на канабис за медицински цели и слично, како и формирање на посебен фонд од даноци и останатите давачки кои ќе ги плаќаат правните лица кои произведуваат и тргуваат со канабис, а со кој би се утврдил и процентот на средства кои ќе бидат наменети за програми за лекување на разни болести и поддршка на маргинализирани групи.

Во продолжение, проследете ги ставовите на оваа тема од други македонски професори, политичари, медицински лица и граѓани:

По препорака на СЗО: Комисија на ОН го симна канабисот од листата на најопасни наркотици

Се бара декриминализација на канабисот

Д-р Беќаровски: Заблуда е дека марихуаната доведува до посегнување по потешки дроги

ВИДЕО | Митровски: Профитот од канабис би бил голем, но постои интенција пазарот да се монополизира

Хактан Исмаил од Левица: Ние сме за легализација на марихуаната и за искористување на нејзиниот потенцијал

ВИДЕО | Џафери: Македонија не е Холандија, темата за декриминализација на марихуаната е преуранета

„Коалиција Маргини“ за легализација на марихуаната: И алкохолот е дрога, па е легален!

Достовски од „Зелена Алтернатива“: Декриминализација и легализација на марихуана ДА, но зошто само во туристичките места?

ВИДЕО | Дуковски од Макканабис: Докторите се против легализација на канабис бидејќи не знаат колку е ефикасен

ВИДЕО | ЛДП: Потребен е посебен закон за канабис

ВИДЕО | Легализација на марихуана: „За и против“, разговор со Борјан Јовановски

Алијанса за Албанците: Македонија не е подготвена за легализација на марихуаната

Пушење канабис и корона не е на добро

Д-р Чибишев: Марихуаната може да го зголеми ризикот за развој на шизофренија

Богданова-Смилевска: Легализацијата на канабисот во Македонија би била темпирана бомба за цел Балкан

Лабовиќ: Со легализацијата на канабисот ќе станат лесно достапни и производи опасни по здравјето за младата популација

Проф. д-р Николовски: Со легализација на канабисот ќе станат поприсутни и другите нелегални активности

ВИДЕО | Морачанин: Ја поддржуваме иницијативата за лична употреба на канабисот

Д-р Васев: Медицинскиот канабис помага кај некои видови на канцер само како комплементарна терапија

МПЦ: Не сме дискутирале за легализација на канабисот во рекреативни цели, но како порок не го одобруваме

ВИДЕО АНКЕТА: За дел од граѓаните марихуаната е дрога, други се за легализацијa

Угостителите веќе подготвуваат препораки за начинот на продажба на канабисот во угостителските објекти

И детектори за канабис се во игра за поголема контрола во сообраќајот ако се легализира

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот