Што се крие зад шминката на лицето на Адел? (ФОТО)

профимедиа

Пејачката го покажа вистинското лице, а многумина изјавија дека воопшто не би ја препознале.
Пејачката во целосно опуштено идание не ни наликува на ѕвезда од црвениот тепих.

Во текот на периодот на изолација, многу ѕвезди со следбениците на социјалните мрежи сакаа да споделат фотографии во целосно лежерно и природно издание, па на тој тренд не му одолеа ниту Адел.

Таа објави фотографија без грам шминка и откри како изгледа надвор од црвениот тепих.

Кога би ја сретнале на улица, веројатно не би ја препознале. Разликата е драстична.

Со оглед на тоа дека сме навикнати да ја гледаме комплетно средена и секогаш со комплетна шминка, оваа објава предизвика вистинска бура. На нејзината објава можат да се прочитаат различни коментари од нејзините фанови, а повеќето се негативни.

профимедиа

„Ова е доказ дека и ѕвездите се како нас, сите имаат мани и не се така совршени“, „Кога ќе се тргне шминката, целата магија исчезнува“, и напишаа во коментарите.

Видео на денот